Поврзи се со нас

Гостивар

На инфективно во Гостивар има 9 пациенти со ковид, ширењето на вирусот за сега е стабилизирано

Објавено

на

Додека во земјава состојбата со коронавирусот периодов се влошува и бележи висок раст на новозаболени, регионот на Гостивар за сега останува стабилен. Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 83 новозаразени со коронавирус. Гостивар е без нов случај, додека тетовско има 5.

На инфективното одделение во гостиварската болница моментално се лекуваат 9 пациенти заболени од ковид, од кои еден добива кислородна поддршка.

Началникот на одделението д-р Ратко Наумоски вели дека хоспитализираните пациенти се стабилни.

„Најголемиот дел од новозаразените периодов се на домашно лекување, со лесни симптоми и кај нас на инфективното одделение се јавуваат исклучиво телефонски, за некој совет и консултација. Ние со сите пациенти сме нон стоп во контакт и задоволни сме што бројот на пациенти во потешка состојба е релативно мал на ниво на Гостивар“, информираше д-р Наумоски.

Коронавирусот изминатиот период повторно се појави во села од реканскиот крај. Медицинските служби ја следат состојбата и ги вршат потребните тестирања на населението. „Како потенцијални жаришта се јавуваат селата Жировница и Ростуше. Таму епидемиолошката служба оди и на лице место им зема бисеви на поголем број граѓани. Потоа ние ги контактираме оние чии резултати се позитивни во врска со нивната состојба.“, рече докторот.

Во денешната официјална ковид статистика евидентиран е еден починат пациент од Тетовско на 73 годишна возраст. Како оздравени се запишани 7 пациенти од Гостивар и 4 од Тетово.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 5 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 15 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 16 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена