Гостивар
На инфективно во Гостивар „најгусто“ било во август со 63 пациенти со ковид
На инфективното одделение во општата болница во Гостивар, од почетокот на пандемијата заклучно со август биле лекувани 168 пациенти со ковид. Според податоците од медицинските служби вкупната бројка на болнички денови е 1.694, а пациентите во просек на инфективно лежеле по 10 дена.
Најмногу пациенти имало во август – 63, кога и регионот на Гостивар беше во најкритичната фаза на ширење на коронавирусот. Во јули биле хоспитализирани 40, јуни 15, мај 6, април 19 и во март 25 пациенти.
Повеќето од пациентите кои се лекувале на инфективно, биле од повозрасната генерација, но имало и помлади од 30 до 40 годишна возраст. До сега не било хоспитализирано ниту едно дете заразено со коронавирус.
Моментално подрачјето на Гостивар (општините Гостивар, Врапчиште и М.Ростуше) е со 69 активно заболени и се води како регион со спорадични случаи со понизок степен на ризик од ширење на вирусот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 4 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски