Поврзи се со нас

Гостивар

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Објавено

на

Поларниот студ и снежните врнежи не ги спречија гостиварци да им оддадат достојна почит на жртвите во автобуската несреќа кај Ласкарци. Меморијалниот марш годинава имаше скратена рута, но задржана огромна симболика „Сите се возиме во ист автобус-да не се повтори“.

Маршот што го организираа повеќе спорстки клубови, под покровителство на општината, започна од гостиварската наплатна рампа.

„Се собравме на овој марш, планинари, невладини организации, членови на семејствата, граѓани заедно да пешачиме во спомен на загинатите, иако владее големо невреме.  Во хибридни режими нема разрешници на судски процеси, кадешто партијците кои се дел од режимот не сакаат да се решаваат случаите. Граѓаните сакаат да ја знаат вистината зошто се случи трагичната несреќа, се‘ со цел да не се повтори никогаш.“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Свои пораки на стартот на маршот испратија и од планинарските клубови.

„Секогаш ќе го поддржуваме овој настан, за да не се заборават жртвите и да не се повтори ваква трагедија. Апелираме секој да си ја врши својата работа, да има поголема внимателност за да не се случуваат вакви работи“, рече Велимир Ѓорѓијески од планинарскиот-спортски клуб Бистра.

Овој клуб, исто како и клубот „Шари“ втора година по ред учествува на маршот. „Сите што се занимаваат со транспорт на патници мора да сфатат дека нивната одговорност е голема, за човечки животи се работи и луѓето не се враќаат назад. Затоа треба внимателно да се вози и да се почитува законот.“, рече Ќерим Абази, претседател на друштвото „Шари“.

Порака на зголемена сообраќајна свесност и култура пренесе и еден од иницијаторите на Меморијалниот марш Замир Мустафаи.

Маршот се заокружи на градскиот плоштад во Гостивар, каде во спомен на 16-те загинати, кон небото беа пуштени 16 црвени балони во вид на срце, а нивниот симболичен пат до вечноста беше проследен со светлосни ефекти.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена