Претседателски 2019
На полноќ настапува предизборен молк
Вечерва на полноќ завршува изборната кампања за првиот круг на Претседателските избори, што ќе се одржи во недела на 21 април. Утре и на денот на гласањето до 19 часот е изборен молк. Забрането е водење кампања, медиумите не смеат да објавуваат информации за партиски активности, изјави, средби на учесници во изборите. За време на молкот не е дозволено ниту објавување на политички маркетинг
Во претседателската трка се три кандидати: Блерим Река, под реден број 1 во гласачко ливче, Гордана Силјановска Давкова, реден број 2 и Стево Пендаровски, реден број 3 во гласачко ливче. Кандидатите имаа 20 дена кампања во која ги претставија своите програми пред гласачите и ја побараа нивната доверба.
Гласањето во недела на 21 април, почнува во седум часот наутро и ќе трае до 19 часот. На ден пред изборите, во сабота, ќе гласаат болни и изнемоштени, затвореници и лица во притвор.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар