Гостивар
На проституција во Гостивар се оддаваат и малолетнички и мажи
Се нарекува „најстариот занает на светот“, а во денешно време се‘ повеќе ја има како обид да се заработат пари за живеачка, луксузи, но неретко и за дрога. Проституцијата станува се‘ поприсутна на гостиварските простори, по ноќните барови и клубови или по приватни станови. Девојки, жени, но и малолетни лица и мажи си ги продаваат телата за пари. Податоците од невладиниот сектор што се занимава со оваа проблематика посочуваат актуелна бројка од околу 330 сексуални работнички/ци во Гостивар, со оценка дека тешко е да се даде прецизна статистика и дека реалната бројка е поголема.
„Нашата организација спроведува Програма за заштита на сексуални работници од 2008 година и со неа се опфатени личности кои даваат сексуални услуги и сакаат да се испитаат за сексуално преносливи инфекции, да се советуваат за заштита и сл. Лани преку таа програма кај нас се пријавија околу 330 сексуални работници, меѓу кои има и три машки. Инаку, лани имаме 11 нови сексуални работнички, односно такви кои за прв пат се обратиле кај нас. Вкупно од почетокот на спроведување на програмата евидентирани ни се околу 1.300-1.400 лица, меѓу кои има и малолетни, под 18 години, но има и доста од други градови и други држави и затоа е тешко да се направат прецизни податоци. Во Тетово неколку години не работи таа програма, па преземаме и од таму, колку што можеме финансиски да издржиме. Реално бројката на лица кои даваат сексуални услуги во Полог е сигурно поголема“, појаснува вели Зоран Попоски, претседател на ХЕЛП Гостивар.
Сексуалните работнички спаѓаат во високо ризична категорија за сексуално преносливи болести, поради што преку организацијата добиваат прегледи и анализи.
„Еднаш до два пати месечно доаѓа комбе за бесплатни гинеколошки прегледи, им се нуди терапија, кондоми и лубриканти за сигурен сексуален однос. Исто така, може да направат испитување и за ХИВ СИДА. Доста од нив се зависници од дрога, па добиваат услуги и од Програмата за заштита на корисници на дрога како размена на игли и шприцеви, медицинска помош и сл“, вели Попоски.
Полицијата во полошкиот регион често прави акции по локалите, при што се откриваат девојки и жени наводно ангажирани како танчерки и пејачки, од кои дел се странски државјанки кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар