Поврзи се со нас

Вести

Над 1.900 слободни места во средните училишта во Гостивар

Објавено

на

Во четирите средни јавни училишта во Гостивар, за наредната учебна година се отвораат вкупно 1.904 слободни места за упис на ученици. Бројката е определена во конкурсот за запишување на ученици во прва година средно образование што го објави  Министерството за образование и наука. Иако изминатите години, во ниту едно училиште предвидените слободни места не се пополнуваат, бројките на конкурсот остануваат исти. Така и годинава, нема промени во однос на лани.

Средното техничко, повторно може да прими најмногу ученици, вкупно 714. Од нив предвидено е да се формираат, 7 паралелки на македонски, 9 на албански и 5 на турски јазик. Учениците може да избираат од следниве струки: машинска, електротехничка, хемиско технолошка, градежно геодетска, козметичка. Минимумот бодови за упис се движи од 30 до 55.

Во гостиварската гимназија отворени се слободни места за прием на 476 полуматуранти во 9 паралелки на албански, 3 на турски и 2 на македонски јазик. За упис се потребни најмалку 60 бодови.

Економското училиште, според конкурсот отвора врати за 442 ученика. На албански јазик предвидени се 7 паралелки, на македонски 5 и на турски јазик, една. Во ова училиште има неколку струки: економски, банкарски или правен техничар и деловен секретар.

Во медицинското училиште предвидени се 272 места, и формирање на 4 паралеки на албански и по две на македонски и турски јазик. За влез во ова училиште определен е повисок минимум бодови и тоа 70.

Новина од наредната учебна година е воведувањето на Кембриџ програмата во средните училишта и тоа по предметите:математика, биологија, физика и хемија.

Првиот уписен рок ќе се спроведе на 28 и 29 јуни.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена