Поврзи се со нас

Македонија

Над 250 казни при контролите на Пазарна инспекција за две недели

Објавено

на

Над 250 прекршочни платни налози изрекле инспекторите на Пазарниот инспекторат при направените надзори во периодот од 1 до 14 овој месец.

Од Државниот пазарен инспекторат денеска информираа дека извршени се над 1.100 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 10 и пол милиони денари.

Најголем дел од платните налози (90) изречени се по основ на Законот за трговија, потоа 67 по Законот за финансиска дисциплина, 22 по Законот за заштита од пушење и 15 по Законот за угостителска дејност.

По однос на одлуките на Владата за замрзнување на цените, извршени се над 360 надзори и издадени 53 платни налози во вредност од 1,150,000 денари.

„Сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекршочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците“, се наведува во соопштението од Државниот пазарен инспекторат.

Од Инспекторатот ги охрабруваат граѓаните доколку забележат одредена неправилност или сомнеж за измама, а се однесува на нив како потрошувачи, да пријават. Пријавите можат да ги поднесуваат по електронски пат, на веб страна https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/prijava-od-gragjani/view/form или преку телефон на 02/3162 341.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена