Поврзи се со нас

Гостивар

Над 50 илјади евра за подобри услови во ОУ „Единство“ во Гостивар

Објавено

на

Изминатиот период во гостиварското основно училиште „Единство“ беа реализирани повеќе зафати за подобрување на условите за настава на учениците и работа на просветниот кадар. Нов лик има спортската сала, тоалетите, две училници за првачињата како и наставничките канцеларии, а направени се и други помали интервенции за разубавување на просторот.

Вкупната сума којашто е инвестирана со овие проекти во училиштето изнесува над 50 илјади евра. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет и од странски донатори.

„Децата заслужуваат достоинствени услови и затоа ние како општина продолжуваме со инвестиции во сите училишта. Денес сме во ОУ „Единство“ каде го гледаме резултатот од она што е направено. На директорот и управата како и на одговорните од секторот за образование во Општина Гостивар им благодарам за нивната посветеност за доброто на училиштето“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче истакна дека општината чувствува обврска кон децата и училиштата да работи на подобрување на условите. „Наш приоритет се инвестициите во училиштата. Некогаш не прашуваат, зошто го правиме тоа кога тоа е должност на Министерството з образование, но ние чувствуваме обврска кон децата и училиштата да ги подобруваме условите.“, рече Снопче.

Директорот на ОУ „Единство“ Зијадин Нуредини изрази благодарност за поддршката за спроведување на проектите, истакнувајќи дека се од големо значење за учениците и вработените.

„Ваквите инвестиции се многу важни за нашите ученици, децата заслужуваат да го имаат најдоброто. Благодарност до градоначалникот и Секторот за образование за помошта и поддршката“, рече Нуредини.

Освен во централното во Гостивар, одредени реновирања биле извршени и во подрачните училиште на ОУ „Единство“ во Беловиште, Лакавица и Циглана.

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 4 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 12 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 12 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 14 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 15 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 15 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 1 ден

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 1 ден

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена