Гостивар
Наградената писателка Јовановска од Гостивар на прием кај Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими добитничката на наградата „Роман на годината“ за 2021 година, Симона Јованоска, авторка на романот „Денот на црвот“.
Претседателот, како што соопшти неговиот кабинет, упати честитки до наградената авторка посакувајќи ѝ понатамошни успеси и уште многу престижни награди за нејзиното творештво. Тој изрази признание и почит за сите автори кои со своето творештво го збогатуваат домашниот литературен опус.
На средбата, претседателот посочи дека уметниците не творат за награди, но тие неминовно придонесуваат за афирмација на нашите автори и промоција на нашата книжевност и јазик, додавајќи дека поддршката на младите автори е особено важна за поттикнување и развој на нивната работа.
Дебитантскиот роман на Симона Јованоска, „Денот на црвот“ беше награден во конкуренција од 39 романи, а наградата традиционално ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Оваа награда досега е доделена 23 пати и е наменета за роман, кој во тековната година е објавен на македонски јазик.
Симона Јовановска е родена 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“, во издание на „Или-или“. Во 2019 година за расказот „Последниот кат“,го добива второто место на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“.„Денот на црвот“ е нејзиниот прв роман.
Јовановска живее и работи во Скопје.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022