Гостивар
Наградени математичари на прием кај градоначалникот Таравари

Ученици кои освоиле награди на натпревари по математика денес беа на прием кај градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и добија благодарници за своите успеси. Првиот човек на општината, честитајќи им за постигнатите резултати, нагласи дека ваквите деца и наставници ментори треба да бидат пример за сите.
„Задоволство е што денес со мене се ученици со постигнати добри резултати на натпревари по математика. Овде е и професорот од гимназијата Мухамед Муслиу, кој е пример за еден добар професор и скоро секоја година ни носи ученици кои освојуваат награди по математика. Ние се гордееме како град со тоа и воедно упатуваме апел до сите наставници да го земат овој пример, да работат што повеќе со децата, посебно во детектирање на талентирани деца кои понатаму ќе се развијат како добри интелектуалци и професионалци“, рече градоначалникот.
Шестоодделенецот Дијар Адеми, доби благодарница за освоено прво место на државниот натпревар по математика.
Гимназијалците: Мерита Алиу, Виган Демири, Едон Фетаји, Хана Рамадани, Алдин Агаи, Амина Фидани, Диелза Јусуфи, Влора Весели, Назми Идризи со менторот Мухамед Муслиу, како и Теодора Николоска, Виктор Угриноски и Зорина Савеска со менторот Ирина Нофитоска добија благодарници за освоени награди на републичко ниво на натпреварите Кенгур.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022