Гостивар
Благодарница за скијачот Виктор Петков од Општина Гостивар

За скијачките успеси и постигнатите резултати младиот гостиварец Виктор Петков, доби благодарница од Општина Гостивар. Утрово Виктор беше гостин во кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари, кој му ги честиташе постигнувањата и му ја врачи благодарницата.
„За мене како градоначалник навистина е посебно задоволство и гордост кога слушам за вакви успешни млади луѓе. Овој период го поминав со доста успешни млади луѓе од Гостивар: уметници, спортисти, научници и немам зборови, навистина човек не може да биде посреќен отколку кога слуша за такви успеси. Му посакувам на Виктор понатаму да има успешна кариера и се надевам дека ќе реди уште многу добри резултати со кои ние ќе се гордееме“, рече градоначалникот.
Петков истакна дека е задоволен од претходната сезона и најави дека веќе се подготвува за Светското првенство кое ќе се одржи наредната година во февруари.
„Оваа година за мене беше многу успешна. Од 30 натпревари имавме 11 подиуми, што е доста добар успех во Македонија и моментално сум најдобриот скијач. Сега се подготвуваме за Светското првенство кое ќе се одржи во Франција следната година во февруари.“, рече 22 годишниот скијач.
Виктор моментално е студент на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје во Скопје, а со скијање се бави од својата трета година.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022