Поврзи се со нас

Култура

Најмладите актери на Гостивар во „Чорбаџи Теодос“ – премиера утревечер

Објавено

на

 

По долго време, во Гостивар повторно се поставува на сцената македонска битова драма. Драмското студио „Дунек“  вредно и посветено ја подготвуваше комедијата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски и премиерно ќе ја изведе во утре, четврток(25-ти мај). Режијата е на Ѓорѓи Нешкоски, а улогите се во рацете на најмладите гостиварски актери. Ги посетивме на генералната проба, да ја почувствуваме и пренесеме атмосферата меѓу актерската екипа. Дечињата се целосно подготвени, максимално внесени во улогите и нетпреливо ја очекуваат премиерата. Тимот работи на последните финеси со кои ќе го зграпчи вниманието на публиката.

Меѓу децата има актери со искуство, кои веќе оствариле неколку улоги во претходните претстави на Студиото „Дунек“, но има и деца кои за прв пат ќе зачекорат на големата сцена пред публика. Сите ја делат возбудата и ветуваат многу смеење и забава за сите што ќе дојдат да ги гледаат.

„Чорбаџи Теодос“ во Гостивар ќе го донесат: Тома Стојаноски, Теодора Николоска, Слаѓана Стојаноска, Анастасио Николоски, Ристе Брчиоски, Теодора Матеска, Анастасија Јанкоска, Јана Андоноска, Јован Бубески, Филип Дојоски, Давор Ангелов, Екатерина Тримчевиќ, Наде Беловинова, Марија Анѓелкоска, Росица Матеска, Симона Ѓорѓиеска, Ана Бошкоска, Емче Филипоска и Ена Јованоска.

Преставата е подготвена во чест на празникот 24-ти Мај, Денот на св. Кирил и Методиј. Четврточната премиера во Центарот за култура АСНОМ, е закажана со почеток во 20 часот.  Во петок, во 17 часот претставата репризно ќе се игра за организирани посети од училиштата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена