Македонија
Намалени цените за приклучок за струја, од денеска чини 370 евра
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со што ги намали тарифите кои корисниците ги плаќаат за стандарден и повторен приклучок на струја.
Одлуката стапува на сила од денес и приклучокот кој до сега чинеше 500 евра во подрачјата каде што општините имаат донесено детален урбанистички план, сега ќе чини 370 евра.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, вели дека од сега нема да постои нестандарден приклучок за струја на местата каде општините немаа усвоено ДУП. За ваков нестандарден приклучок до сега се наплаќаше повеќе од 2.000 евра, а од сега сите ќе плаќаат по 370 евра без разлика на која локација се наоѓаат.
Комисијата ја намали и цената што корисниците ќе ја плаќаат за повторен приклучок доколку биле исклучени поради неплатени сметки. Сега оваа услуга ќе чини 440 денари, а повторниот приклучок ќе се врши во најбрз можен рок.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди