Репортажи
Народна банка организираше турнир во чест на Дејан Ристоски
Вчера во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје, под покровителство на Синдикалната организација на НБРСМ се одржа меморијален турнир во мал фудбал, во чест на гостиварецот Дејан Ристоски, кој трагично настрада во сообраќајната несреќа кај Ласкарци.
„Дејан беше прекрасен пријател, вреден работник, сакан колега. Подготвен во секој момент да им помогне на другите. Ќе ни остане во сеќавање како исклучително доблесен човек, секогаш насмеан, спортски настроен и позитивен. Искрена благодарност до сите учесници и нивниот несебичен придонес со што го збогатија овој спортски и меморијален настан. Се надеваме дека овој турнир ќе прерасне во традиционален, со што преку фудбалот би се сеќавале на Дејан. Денес, овде, на овој турнир, сите треба да бидеме ведри, со позитивна енергија и со спортски дух. Впрочем, така би посакал и Дејан.“ рече Александра Ѓорѓиевска, претставник на НБРСМ.
На турнирот учествуваа 8 екипи претставници на домашни банки и финансиски институции: НБРСМ, УЈП, КИБС, НЛБ банка, Комерцијална банка, Шпаркасе банка, ХАЛК банка и екипата ДЕКО 38 која беше составена од пријателите на Дејан од Гостивар.
После четвртфиналните натпревари во полуфиналето се најдоа екипите на:
НБРСМ – НЛБ банка и Шпаркасе – ДЕКО 38
а во финалето успеаа да се пласираат:
НБРСМ и ДЕКО 38.
Пехарот од првиот меморијален турнир во чест на Дејан Ристоски, го овои екипата ДЕКО 38 од Гостивар.
Беа доделени и награди за најдобар голман и фудбалер на турнирот. Мартин Фармаков од НЛБ банка беше прогласен за најдобар голман, Љубиша Јованоски од ДЕКО 38 за најдобар фудбалер.
На меморијалниот турнир присуствуваа голем број на пријатели, роднини, колеги, познаници. Сите нив ги спојуваше познанството со Дејан и фудбалот. Дејан Ристоски беше вработен во НБРСМ, загина на 38 годишна возраст враќајќи се од Скопје за Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар