Гостивар
Во Мавровско езеро кај Леуново се трага по чамец потонат пред 40 години
Објавено
пред 6 месецина

Денешниот ден во близина на месноста Црн камен во Леуново беше исполнет со возбуда и интересни случувања. Нуркачи презедоа смел потфат во водите на Мавровско езеро. Членови на Еколошко-нуркачкиот клуб „Пена“ и Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ тргнаа во потрага по чамец кој во езерото е потонат пред 40-тина години.
Кире Ангелески, Ристе Тодоровски, Дарко Јовановски и Горан Делов се нуркачите кои влегоа во немирните и студени води на Мавровско езеро во потрага по потонатиот чамец.
„Пет часа траше нуркањето, потрагата по чамецот, се спуштивме на 22 метри длабочина, после 16 метри видливоста поради тињата се повеќе се намалува и моравме да користиме подводни светилки. Температурата на водата од почетни 21 степен, се спушти до 9 степени на таа длабочина. Тлото е претежно силна тиња и камења, бидејќи тлото е поприлично стрмно кон средината, постои можност чамецот да е повлечен подлабоко кон внатрешноста, а и не е отфрлена можноста и да е затрупан во тињата“, ни откри Кире Ангелески од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“.
Неуспешниот денешен обид не ги обесхрабрува нуркачите и поддржувачите да се откажат од потфатот да го извадат чамецот од водите на Мавровско езеро.
„Дојдовме со комплетна опрема за извлекување на потонати пловни објекти, имаме мал проблем со лоцирањето на чамецот пошто бараме според кажување и немаме прецизен радиус каде би барале. Но, нема тукутака да се откажеме. Во следните обиди ќе побараме сонар од метеролошки и ќе пробаме површински да го лоцираме со помош на технологијата и потоа го извлечеме со посебни балони“, појасни Дарко Јовановски, од Еколошко-нуркачкиот клуб „Пена“.
По кажувањата на жителите на Леуново и Ниќифорово, токму во оваа област пред 40-тина години, потонат е 7 метарски железен чамец, кој бил во сопственост на семејство од Ниќифорово и бил главно пловно превозно средство за жителите на овие села.
„Целава идеја започна на минатогодишниот пливачки маратон, кој се одржа по повод одбележувањето на славата на Леуново, „Успение на Пресвета Богородица“. Им ја раскажав приказната на нуркачите за потонатиот чамец и луѓето кои инаку се големи пријатели и секогаш добредојдени во овие села, рекоа дека ќе дојдат и ќе се обидат да го пронајдат и извлечат чамецот од водите на Мавровско езеро“, вели Драган Блажевски од Ниќифорово.
Сончевиот ден, привлече поголем број на туристи на августовското сонце од разни делови на земјата на Црн камен на брегот на Мавровско езеро, кои срамежливо се распрашуваа што се случува во водите на езерото. Но, трагањето по потонатиот чамец не можеше да помине без жителите на Леуново и Ниќифорово кои добро знаеа што се бара и со возбуда споделуваа спомени и дешавки за чамецот, за кои очигледно ова беше посебен момент на кои со задоволство се присетуваа.
„Овој чамец беше единствена атракција во 60-тите години, две децении беше главно пловно превозно средство за жителите на овие места, со него се одеше на кино од Ниќифорово до Анови, каде и да имаше фудбалски турнир во овие села фудбалерите се носеа со него, на селски слави се одеше со него. Чамецот потона некаде 1980 или 1981 година“, се присетуваше Душко Шарески од Леуново.
Неизбежни беа и анегдотите за овој чамец според кажувањата на присутните на денешната потрага. Своевремено со овој чамец од едниот крај на езерото на другиот се превезла целата бина, се разбира демонтирана и официјално исчезната, на која настапувал славниот Здравко Чолиќ во Маврови Анови во 70-тите години на познатиот избор на мавровска убавица.
Како се присетуваа собраните леунци и ниќифорци последната пловидба на „легендарниот“ чамец била кога тој заполовил во водите на езерото, по неповолни временски услови, заради љубов.
1 Коментар
Напишете коментар Cancel reply
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Бизарни предизвици на социјалните мрежи крајно опасни за децата

КК Гостивар победи во Струга 72-83

Бројот на нови корона случаи во Гостивар не престанува да расте

Гостиварци може да дадат оценка за системот со камери на сообраќајната полиција

Можност за годишна стипендија од 1.000 евра за средношколци таленти

Црн Дрим Струга – КК Гостивар денеска од 16 часот

Приведен сопственик на чајџилница во Гостивар, затекнати 11 гости по дозволеното време

Барањата на сметководителите одбиени, рокот за завршните сметки останува ист

Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар

Земјотрес почувствуван во Гостивар

Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот

Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар

Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))

Гостиварецот Шурбан успешно ја пренесува љубовта кон планините на новите генерации

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Што, како, каде?!пред 4 недели
Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар
- Здравје и убавинапред 3 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Македонијапред 3 месеци
Проверете дали сте на листата на граѓани кои ќе добијат по 6000 денари од четвртиот сет мерки
- Гостиварпред 3 дена
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари
- Гостиварпред 2 месеци
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово
- Гостиварпред 3 месеци
Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот
Biserka Nikolovska
11/11/2020 во 12:17
Mnogu ubava akcija i ubav tekst.
Bi trebalo poveke da se pisuva za slucuvanjata i ubavinite vo Leunovo i Nikiforovo.
Pozdrav