Поврзи се со нас

Македонија

Наставнички пленум најавува бојкот на наставата од септември ако не се покачат платите во образование

Објавено

на

  • Shqip

Наставничкиот пленум со писма до министерката Мила Царовска и до синдикатите СОНК и НСОН, соопшти дека бара зголемување на платите на наставниците во основното и во средното образование и дека планира бојкот на наставата од почетокот на новата учебна година ако тоа не биде обезбедено.

Незадоволни од висината на основната плата на наставниците, од Царовска бараат максимално да се заложи во Владата и да им излезат во пресрет на сите вработени во образованието со тоа што  ќе биде обезбедено покачување на платите во новата учебна 2021/2022 година.

– На ова барање се повикуваме како резултат на растот на цените на производите кои се користат во секојдневниот живот, како и на растот на просечната плата која е многу повисока од платите на вработените во образование. Во спротивно, ние наставниците од Наставнички пленум би биле приморани да се организираме и да го покажеме јавно незадоволството, наведува Пленумот во барањето до Царовска.

Двата синдиката – СОНК (Синдикат за образование, наука и култура) и НСОН (Независен синдикат за образование и наука), Наставничкиот пленум ги известува дека загрижени поради лошата финансиска положба на вработените во основното и средното образование,  планираат бојкот на наставата на почетокот на учебната 2021/2022, доколку МОН и Владата на изнајдат решение и ги зголемат платите.

-Бараме од синдикатите да го подржат бојкотот на наставата кој го планираме од септември 2021. Сметаме дека синдикатите имаат најголема одговорност да ги штитат и унапредуваат правата на вработените и по тој повод очекуваме да нè поддржите во нашите барања и заложби, наведува Наставничкиот пленум.

Министерството за образование пак соопшти дека платите на наставниците во последните 4 години се зголемени за над 2.000 денари, додека претходната власт во период од 7 години ги зголеми за само 850 денари. „Зголемувањето е резулат на посветеноста на Владата и на Министерството за образование и наука за достоинственото вреднување на трудот на наставниците. Со цел да се обезбеди трајна економска и правна сигурност на наставниците, МОН изготви законски измени со кои обезбедуваме континуиран раст на платите на наставниот кадар, согласно зголемувањето на минималната плата во државата. Ова законско решение повеќе од три месеци опозицијата го блокира во Собранието.Пратениците од опозиција им должат објаснување на наставниците зошто го опструираат носењето на измените на Законот за наставници и стручни соработници и се против унапредувањето на нивниот статус а со тоа и против најдобриот интерес на учениците.“, наведоа од МОН.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

Три нови позитивни на корона во Гостивар и пријавен смртен случај

Гостиварпред 3 часа

Гостиварец пријавил дека бил нападнат од познаник

Гостиварпред 6 часа

Измамникот од Кочани осомничен дека силувал девојче во Гостивар е во притвор

Гостиварпред 7 часа

Промена на сообраќаен режим во дел од Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Гимназијата во Гостивар го прослави Денот на Свети Климент Охридски

Гостиварпред 11 часа

Гостивар го доби најмодерниот Рамсторе супермаркет

Гостиварпред 11 часа

ОЈО Гостивар: Лажниот оџа од Кочани осомничен за полов напад врз дете и за измами

Гостиварпред 12 часа

Празникот „Свети Климент Охридски“ одбележан во техничкото училиште во Гостивар

Гостиварпред 13 часа

Симона од Гостивар: „Провери па купи“ за заштита на потрошувачите и намалување на сивата економија

Технологијапред 15 часа

Javascript е најпопуларниот програмски јазик меѓу програмерите во третиот квартал од 2021 година

Македонијапред 15 часа

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Занимливостипред 1 ден

Ова се финалистите за избор на Европски автомобил на годината

Македонијапред 1 ден

Две пријави од лекари за сомнеж за смртен исход по примена вакцина против Ковид-19

Гостиварпред 2 недели

Ромското знаме да биде во официјална употреба во Гостивар, иницијатива на ДСР

Вестипред 2 недели

Страотно-Загинаа 46 македонски државјани во автобуска несреќа во Бугарија

Гостиварпред 5 дена

„Сончогледи и сонца за невидлива попреченост“ во Гостивар во сабота на градскиот плоштад

Гостиварпред 1 недела

Гостијарци за незаборав – Нова книга на професорот Милош Смиљаноски

Гостиварпред 4 дена

Искршени и оштетени надгробни плочи на старите православни гробишта во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Намик Дурмиши избран за заменик градоначалник на Гостивар

Гостиварпред 7 дена

Срушен покрив на објект во Гостивар и паднато дрво на пат од силниот ветер

Вестипред 2 недели

Автобусот е на „Беса транс“, во него се превезувале лица кои се враќале од екскурзија

Гостиварпред 5 дена

СДСМ Гостивар: Одлуката за намалување на ноемвриските плати во образование е незаконска, бараме поништување

Македонијапред 1 недела

Таравари рече Заев нудел пари на пратеничка, Заев бара извинување или ќе тужи

Гостиварпред 7 дена

Монтенегро Маркети: Користете повеќенаменски торби и хартиени ќеси

Гостиварпред 5 дена

Во Маврово ќе се одбележат 115 години од раѓањето на г.г Доситеј, првиот Архиепископ на МПЦ

Гостиварпред 1 недела

Тешко повредена жена во несреќа во Гостивар

Локални избори 2021пред 2 месеци

Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ и АА во Гостивар заедно на марш „Напред розово!“

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар започна со подготовките за новата сезона

Спортпред 6 месеци

ФОТО ВЕСТ: Македонија тргна за Букурешт на EURO 2020

Гостиварпред 6 месеци

Етно вешта жена во гостиварско Зубовце – старински специјалитети, чист воздух и дружење

Гостиварпред 7 месеци

Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

Гостиварпред 7 месеци

Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

Гостиварпред 7 месеци

Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

Гостиварпред 10 месеци

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Гостиварпред 11 месеци

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

Спортпред 1 година

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

Спортпред 1 година

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

Гостиварпред 1 година

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Спортпред 1 година

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!