Рецепти
„Натрупана“ пита – за сите што сакаат добар и богат залак

Оваа пита мора да ја пробате барем еднаш во животот. Многу е специфична на вкус, а сепак ќе ги задоволи и најпребирливите. Се вика „натрупана“ затоа што е богата со состојки кои едноставно се трупаат низ корите како фил.
состојки:
750 гр. кори за пита
500 гр. мелено месо
400 мл. кисела павлака
750 гр. сирење
5 јајца
главица кромид
сол, бибер, магданос, масло
подготовка: Најпрво го ставаме месото со ситно секцаниот кромид во тава да се пропржат, околу 10 минути. Во меѓувреме се додава сол, бибер, магданос. Во друг сад се матат 4 јајца и се мешаат со издробеното сирење и половина од павлаката.
Во плех се редат две кори врз кои се става филот со месо, па врз него се гужват неколку кори и врз нив се става филот со сирењето. Постапката се повторува додека не се потрошат корите. Вака подготвена питата се пече околу 40 минути на 180 степени. Се вади од рерната, се сече на парчиња и одозгора се полева со смеса од преостанатото јајце и павлака. Се враќа на печење уште 10-15 минути.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022