Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Научете да бидете среќни за 21 ден

Објавено

на

Задоволството се учи како училишна лекција, а секој човек може да научи да биде среќен за 21 ден со помош на ментални вежби и позитивен став.

Нивото на серотонин, хормонот на среќа, зависи од тоа колку сме го добиле во текот на детството, покажало ирско истражување. Наследните особини и искуства од детството прават само 50% од нашиот потенцијал да бидеме среќни, а се останато зависи од нас самите.

„Луѓето можат да научат да бидат среќни или барем повесели и позадоволни. Со следните неколку златни правила и со примена на различни техники на ментални вежби, секој може да постигне чувство на исполнетост и внатрешно задоволство“, тврди професор Мартин Селигман од Универзитетот во Пенсилванија.

Професор Селигман утврдил дека е можно да се контролираат, па и сосема да се „укинат“ негативните мисли. Според науката за среќа, секој човек може да научи да биде среќен за 21 ден. Толку е потребно со помош на ментални вежби во мозокот да се создаде „патека“, која чувството на среќа го претвора во навика, а потоа уште 63 денови да се примени тоа што е научено.

Смеењето е најдобар рецепт за трајна среќа

Рецептот за среќа се состои, покрај останатото, од задолжителна дневна доза на смеење затоа што токму смеењето ги поттикнува хемиските реакции во мозокот и го отстранува стресот и напнатоста. Насмеаните луѓе се чувствуваат подобро од намуртените, но и со насмевнато лице испраќаат позитивни вибрации кои ги привлекуваат другите луѓе, поради што лесно воспоставуваат контакт и склопуваат пријателства.

Бидете љубезни кон луѓето – било да станува збор за семејството, колегите или за случајните минувачи. Ако сте љубезни кон другите, ќе ви возвратат со иста мера.

Грижата за другите усреќува

Многу е полесно да давате отколку да примете, па доколку можете, не двоумете се, туку помогнете им на оние на кои им е потребна помош. Ако усреќите само едно дете или измамите насмевка на постара личност која нема никого, ќе си помогнете и себеси, затоа што доброто дело ќе ве исполни со задоволство и чувство на среќа. Луѓето кои се грижат за другите, посреќни се од оние кои се грижат само за себе.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар на изборите за пратеници

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати од претседателските избори од 57,23% обработени гласови

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на парламентарните избори од 40,7% обработени избирачки места

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Дафина Стојаноска, носителка на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-6

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Талат Џафери, технички премиер

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена