Поврзи се со нас

Занимливости

Научете ги вештините за дегустирање на вино

Објавено

на

Дeгустирањето на вино комплетно се разликува од неговото пиење. Постојат неколку важни работи на кои мора да обрнете внимание, инаку проценката ќе ви биде чисто промашување, а можно е и да бидете презрени од оние на кои сте им го препорачале виното.

Основните работи кои треба да ги забележите кај овој пијалок се: изгледот, мирисот, допирот и вкусот. Ако успеете правилно да ги одредите овие 4 карактеристики, тогаш не ви бега титулата мастер на виното во вашето друштво.

ИЗГЛЕД
Погледнете го виното, најдобро на дневна светлина. За да ја намалите можноста да згрешите, треба да ја протресете чашата и кога ќе погледнете, тоа да го направите на бела позадина. Што гледате? Дали виното е бистро или матно? Бојата ќе варира во зависност од тоа за како вино станува збор. Особено црвените вина варираат многу во поглед на бојата. На пример: виното Мерло има рубиново-црвена боја, додека виното Каберне е со потемна, подлабока нијанса на црвена боја. Како што старее црвеното вино, ќе можете да забележите црвеникаво-кафени нијанси на самиот раб. Стареењето кај белите вина, пак, им го носи духот на златната боја.

МИРИС
Нашето сетило за мирис е клучот со кој ни се отвораат портите на светот на виното и задоволствата кои тоа ни ги сервира. За да ја откриете аромата, свртете го виното во чашата многу брзо. Додека тоа ги обојува ѕидовите на чашата, во истовреме го ослободува своето буке. Она што е важно е дека аромите можат да бидат различни, во зависност од тоа колку длабоко го собира вашиот нос во чашата. На самиот отвор на чашата, аромата е повеќе цветна и овошна. Колку одите подлабоко во чашата, таа станува се побогата и погуста. Обидете се да го откриете целиот опсег на мириси: цветни, дрвени, зачинети, зрнести… Особено обратете внимание на јачината и привлечноста на мирисот.

ДОПИР
Допирот не значи дека треба буквално да ги ставите прстите во чаша со вино! Кога зборуваме за допир кај виното, мислиме на чувството што го раѓа виното при допир со вашиот јазик. И во тој случај тоа мора да даде одговор на неколку прашања. Дали има мек или остар допир? Дали создава освежувачка енергија на краевите на вашиот јазик? Дали е мазен? Танинот (се додава кај црвеното вино, за да се спречи негово расипување) ќе делува бодликаво врз јазикот. Помладите црвени вина вообичаено имаат повеќе танин. Идеалниот допир подразбира постоење на зрела мекост – кадифено чувство во устата.

ВКУС
Ова е последниот чекор и се презема дури откако ќе ги искористиме сите други сетила. Кога вкусувате вино земајте мали голтки, свртете го во круг, покажете им го на сите рецептори на вашиот јазик и чувајте го во устата кратко пред да го голтнете. Дали вкусот на виното е ист со неговата арома? Дали е сладок, кисел, или крцкав? Дали е лесен или полн? Кога дегустирате повеќе вина, најдобро е да не го голтате туку да го плукнете. Ако веќе го голтнете, тогаш бидете сигурно дека сте го почувствувале финишот – вкусот на виното откако ќе се проголта. Тоа ќе даде одговор и на последното важно прашање – какво е чувството што останува на вашите непца?

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена