Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 06/02/2019 | 10:13

Починал основачот, никој не ја знае лозинката – 190 милиони во криптовалути стојат заробени

QuadrigaCX, најголемата канадска крипто менувачница држи заробени 190 милиони долари во крипто валути.

Ненадејната смрт на основачот и извршен директор Џералд Котен, кој бил задолжен за контрола и единствено тој имал пристап до екстерниот е-паричник, ги остави корисниците на менувачницата во незавидна ситуација. Единствено Котен ја знаел лозинката од неговиот лаптоп и никој друг, неговата сопруга Џенифер Робертсон ја информира јавноста дека никој од компанијата не ја знае лозинката да пристапат до системот. Лично таа ангажирала стручњаци да го пробијат безбедносниот систем, но обидот бил неуспешен. Поради ригорозните правила за заштита на криптовалутите и пропустот на компанијата да направат дополнителна заштита на заштитата, баш поради вакви случаеви со повеќе налози и потписи, постои опасност ако не се пронајде или пробие лозинка, овие 190 милиони долари да останат заробени засекогаш.

Котен, почина во декември во Индија од компликации предизвикани од Кронова болест. Во Индија, како што најавија од компанијата, отворал сиропиталиште.

Еден коментар

  1. FAIL 😀

Напишете коментар

Close