Поврзи се со нас

Гостивар

„Не можеме да врземе крај со крај“ – Втор протест во Гостивар против поскапување на струјата

Објавено

на

Попладнево во Гостивар, пред  објектот на ЕВН се одржа протест против зголемувањето на цената на електричната енергија. Ова е втор пат како граѓани на Гостивар на ваков начин го искажуваат својот револт од последната одлука на регулаторната комисија за поскапување на струјата.

„Ова се манипулации и лаги на Владата, го лажат народот, само за да седнат во фотелја. Кога ќе седнат во фотелја, ништо не мислат за народот. Не можеме да излеземе на крај со плаќањето на сметките, земам 200 евра пензија, а 10 луѓе сме дома со две мали деца. Не стасуваат парите ни за леб и вода, а не пак струја да платиме“, рече еден од учесниците на протестот во Гостивар.

Протестот го поддржаа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците од Гостивар, Халил Снопче.

„Во време на пандемија државата треба да ги помага граѓаните, а само кај нас се случува парадоксална ситуација државата да ја поскапи струјата, и тоа не е во ред. Затоа го поддржуваме овој протест и така ќе реагираме секогаш кога системот ќе биде против граѓаните, ние да бидеме до нив и за нив“, изјави Таравари.

Снопче нагласи дека протестот е начин да се изврши еден вид притисок врз Регулаторната комисија да ја повлече одлуката за поскапување на цената на електричната енергија. „Во целиот свет, во услови на оваа глобална криза како последица на коронавирусот има олеснителни околности за граѓаните и не е нормална работа да се поскапува струјата. Па и моментот, после избори, пред да се формира Владата. Јас како пратеник на народот од овој крај ја поддржувам иницијативата против поскапувањето и не само тоа, туку и цената на струјата треба уште повеќе да се намали.“, рече пратеникот.

Гостивар е еден од неколкуте градови во земјава кадешто се организираат протести против зголемувањето на цената на елктричната енергија од 7,4%.

 

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена