Поврзи се со нас

Вести

„Не ме ограничувај“ – порачаа децата со Даунов синдром во Гостивар

Објавено

на

 

Со пораката „Не ме ограничувај“ децата со Даунов синдром, родителите, тимот од Дневниот центар во Гостивар и Црвениот крст, денес се обратија до гостиварци по повод 21 март, Светскиот ден на лицата со ова генетско нарушување.

За да се подобри квалитетот на живот на децата со Даунов синдром, родителите и здруженијата сметаат дека е потребна поголемо внимание и грижа од сите релевантни институции. Повеќе дефектолози и стручен кадар во училиштата и градинките.

Од година на година, има подобрување, но би апелирал до локалните и државните институции да направат се` за овие деца и за сите деца со попречености. Во градинките и училиштата има потреба за дефектолози и логопеди. Тој кадар или воопшто го нема, или се во мал број“, рече Илир Адеми, претседател на Здружение на лица со Даун синдром во Гостивар.

            Денешната активност со дружење и делење на информативни брошурки на градскиот плоштад во Гостивар, се спроведе во рамки на проект за подобрување на социјализацијата на лицата со посебни потреби.

Целта е да се подигне јавната свест во локалната средина. Сакаме да порачаме дека лицата со Даун синдром може да бидат дел од нашето општиество, ако ние им помогнеме и ги вклучиме“, рече Жаклина Матеска, од Дневен центар за деца со попреченост во Гостивар

            Даун синдромот е генетска состојба, нарушување на нивото на хромозомите, која предизвикува проблеми во телесниот и менталниот развој. Лицата што го имаат овој синдром може да живеат исполнет и здрав живот доколку бидат нормално вклучени и прифатени во општетсвото. Статистиките покажуваат дека просечно Дауновиот синдром се појавува на секое 1.000 раѓање.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 14 минути

Тмурен, дождлив и ветровит четврток

Вестипред 1 час

Астрономски календар, го трошиме 137-иот ден од годината…

Македонијапред 11 часа

Љупчо Палевски Палчо спроведен во Истражниот затвор во Шутка

Занимливостипред 14 часа

Како да ја одберете вистинската книга за читање?

Вестипред 17 часа

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 17 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 18 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 19 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 20 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена