Поврзи се со нас

Гостивар

Не претрчувајте улици било каде, во Гостивар казнети 17 пешаци

Објавено

на

Вчера (7 ноември) на подрачјето на СВР Тетово од 10 до 14 часот спроведена е акциска контрола на пешаците – учесници во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 43 прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-17).Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-22 и ГВ-17) се однесување на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини, а преостанатите на непочитување на светлосна сигнализација на крстосниците.

На сите прекршители изготвени им се поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и покани да присуствуваат на таканаречена сообраќајна поука. Оние кои нема да присуствуваат на ваквата поука ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот, се движат од 15 до 50 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 14 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел и совет до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици и патишта на кои нема обликувани тротоари. На возачите, пак, им се укажува секогаш да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците и да ја прилагодат брзината, посебно во близина на детски градинки, училишта и други јавни објекти.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена