Здравје и убавина
Неколку напитоци за поцврст сон

Истражувањата покажуваат дека на возрасните луѓе им требаат најмалку седум часа цврст сон. А, постојат неколку видови напитоци кои можат да го подобрат спиењето.
Многу луѓе тврдат дека млекото им помага да се ослободат од стресот. Тоа е одличен извор на есенцијални аминокиселини. Исто така, казеин-протеинот овозможува чувство на ситост подолго време. Млекото содржи и триптофан, кој го регулира сонот, сметаат познавачите.
Камилицата со векови се смета за природен лек за намалување на шеќерот во крвта, лекување симптоми на настинка, но и помага при кревок сон. Затоа, пиењето чај од камилица помага при битката со несоница.
И сокот од цреша има многубројни здравствени придобивки, како што се јакнење на имунитетот и подобрување на кондицијата. И оваа напивка содржи големи количини мелатонин-триптофан.
– Пиењето сок од цреша го зголемува лачењето мелатонин во телото. Тоа ќе ве направи помалку будни ноќе, истакна д-р Тоби Амидор.
Лавандата пак, обично се користи како ароматерапија, но може да послужи и како средство за поцврст сон. А, помага и при депресија и замор, особено кај жените кои штотуку родиле.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар