Здравје и убавина
Неколку природни состојки против потење
Во топлите летни месеци едноставно не може да се избегне прекумерното потење, кое создава непријатности. Никој не сака да му се лепи облеката на телото или да се засрами во јавност од непријатната миризба на потта. Дезодорансите може да помогнат површински и делумно, но треба да се има во предвид дека тие се сепак хемиски препарати и не треба со нив да се претерува. Еве неколку природни производи и состојки кои може да ви помогнат во регулирање на потењето.
– Оцет. Измешајте две лажички прехранбен и една јаболков оцет и конзумирајте 2 до 3 пати дневно, половина час пред јадење.
– Сок од домат. Пијте по една чаша свеж сок од домати секој ден.
– Компир. Овој зеленчук е одличен против потење, но не кога се јаде, туку при нанесување на кожата. Исечете парче компир, протријте го за да се ослободи сокот и нанесете на деловите што се проблематични.
– Пченкарен скроб и сода бикарбона. Измешајте и оставете да постои половина час на пределите кадешто се потите. Потоа исплакнете го местото.
– Грозје. Конзумирањето грозје ќе ви помогне да ја регулирате потта. Ова овошје е полно со антиоксиданси и делува во постигнување на рамнотежа на температурата на телото.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди