Македонија
Нема повредени: Изгоре Градежен факултет во Скопје

Нема повредени во пожарот што избувна претпладнево на Градежниот факултет во Скопје.
Во пожарот, што е целосно изгаснат и се работи на расчистување на теренот, целосно се уништени покривот и три кабинети, а делумно се оштетени два кабинета, изјави за МИА деканот на Градежниот факултет Дарко Мославац.
– Навремено се преземени мерки за евакуација на сите студенти и вработени од факултетот со оглед дека имаше редовна настава. Причинета е голема материјална штета и лошо е што е зафатен покривот што ќе мора итно да се санира, за што ќе имаме координација со колегите од Архитектонскиот факултет, изјави Мославац, потенцирајќи дека првенствено ќе треба да се стапи во контакт со ЕВН за повторно да се обезбеди електрична енергија во објектот.
Како што рече Мославац, во еден кабинет се уште не е утврдена штетета, а оштетувања настанале и во дел од останатите простории поради активностите за гаснење. Во еден од кабинетите има вредни слики од професор Владо Георгиев.
извор: Skopjeinfo.mk
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!