Поврзи се со нас

Македонија

Несовесност – Возат автомобили со децата во скут или ги оставаат на задните седишта незаштитени

Објавено

на

Еден од почестите прекршоци кои родителите ги прават како возачи е превезувањето на помалите деца. Полицијата потврдува дека на тетовско-гостиварското подрачје забележителна појава е поединци кои управуваат моторни возила, да ги превезуваат малите деца на совозачките или да ги оставаат сами на задните седишта.

„Претежно станува збор за деца, неретко и на возраст од  неполни две-три години. Има случаи кога возачите, најмногу татковци или дедовци, ги седнуваат децата и на нивните седишта, зад воланот и ги изложуваат на непосредна опасност, при нагло запирање или евентуален судир со друго возило, сериозно да ги повредат“, потенцираат од Секторот за внатрешни работи.

Надлежните предупредуваат дека таквите појави се спротивни на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и се санкционираат со соодветна пријава и глоба од 35 евра или со впишување на 15 негативни поени.

Анализите покажуваат дека во случај на судар-несреќа, кога возилото се движи со брзина од околу 50 км/ч, а 3-4 годишно дете незаштитено седи на задното седиште, ќе удри во предното седиште со силина еквивалентна како да има 400 кг, што за детето може да биде фатални. Правилно поставено детско седиште во автомобил ја намалува опасноста од смрт за 75%, а од сериозни повреди за 67%.

СВР информира дека презема бројни мерки и активности за справување со ваквите лоши и опасни навики: „Доследно ќе ги применуваме предвидените законски одредби, со цел да се овозможи безбедно превезување на малолетните деца и да се превенираат можните несакани последици, како резултат на човечка несовесност и немарност, односно сообраќајна недисциплина и некултура“.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена