Поврзи се со нас

Гостивар

Ни „В“ од ваучерите за вработените на инфективно во Гостивар

Објавено

на

Повеќе од година и половина Владата бара начин да им ги исплати бонус ваучерите на вработените во инфективното одделение во болницата во Гостивар, но никако да најде. Ваучерите кои им следуваат со третиот пакет антикризни мерки, како вклучени во борбата против ковид, не ги добија до ден денес. Медицинарите се незадоволни и реагираат дека е крајно време да им бидат доделени.

„Тие ваучери сакаме да ни се дадат , бидејќи беа ветени од Владата на Република Северна Македонија и такви ваучери зедоа сите вработени во инфективните одделенија, освен Гостивар и Струмица. Зошто е тоа така, каде настанала грешката ние повторно се прашуваме. За овој проблем сум бил и кај директорот на болницата и во Фондот за здравство и во Министерството, никој не ми кажува каде заглавиле тие средства. Сакаме да ги добиеме, затоа што ни следуваат, мислам дека сме најзаслужни да ги добиеме. Вработените се многу револтирани, не сакавме да излегуваме и да правиме протест, имаше избори, некоректно е, и пандемија е, тука сме да им служиме на пациентите. Но, ги бараме тие средства што ни се ветени, да ни се дадат конечно“, рече д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективно во Гостивар, каде има триесетина вработени.

Откако не ги добија од прва, Владата објави дека ќе ги опфати со петтиот пакет мерки и дека за таа цел издвоени се 570.00 денари (заедно со Струмица), но и тоа не се случи. Во одговорот што Gostivarpress.mk го доби од владината прес служба за случајот, се вели дека се бараат модалитети што поскоро да им се доделат ваучерите и дека проблемот настанал поради пропусти во списоците. Речиси исто образложение на новинарско прашање за истата тема, ни беше дадено и лани.

„Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија бараат модалитети во рамките на буџетот, овие здравствени работници да бидат исплатени во најскоро време. Се работи за пропуст, зашто во првичните списоци доставени од директорите на здравствените институции биле испуштени вработени, по што се доставени дополнувања на списоците.“, стои во одговорот од прес службата на Владата.

Ваучерите опфаќаат вредност по 20% од плата за март и април 2020-та година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена