Поврзи се со нас

Македонија

Новата генерација на полициски службеници има просек од 530 бодови од можни 600

Објавено

на

Денеска на спортското игралиште во Центарот за обука во Идризово беше организирана свечена промоција на нови полициски службеници, кои ја совладаа едногодишната основна обука. Се работи за најновата генерација на 528 нови полициски службеници, кои обуката ја завршиле со среден успех од 530,92 бодови, од вкупните 600.

На промоцијата свои обраќања имаа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешна работи, Оливер Спасовски

„Уверен сум дека обуката ве подготви да ги извршувате задачите најдобро што можете. Секоја задача што ќе ја добиете ќе биде важна зашто е во служба на заштитата и на услуга на граѓаните. Зашто е во насока на заштита на правото и правната држава. Извршувајте ги вашите обврски со интегритет и видлива компетенција за да бидете пример и да ги охрабрите другите во оваа благородна и одговорна мисија. Така лично ќе ја стекнете довербата на граѓаните и на тој начин ќе учествувате и во подигањето на довербата на граѓаните во полицијата“, порача Заев.

Министерот Спасовски рече дека полицијата е во период на реформирање и целосно нејзино сообразување со модерните трендови и стандарди на работење на европските полициски служби.

„Во изминатиот двегодишен период ние конкретно покажавме дека МВР има професионалци, има капацитет и потенцијал далеку поуспешно да ги остварува своите законски надлежности и задачи. Поквалитетното организационо, структурно менаџирање, но и менаџирањето со човечките ресурси, дава резултати кои што се евидентни, мерливи и проверливи, притоа подигнувајќи ги повисоко нивоата на полициска ефикасност во сите сфери од работењето“, истакна Спасовски.

Годинава, за прв пат на десетте најдобро рангирани кандидати за полициски службеници: Стефан Јанушевски, Марко Стефановски, Даниел Андоновски, Марин Смилески, Папи Пандов, Антонио Баткоски, Коста Ѓорѓиевски, Стефани Заевска, Благојче Јанкуловски и Дарко Трајановски, имаат  право на избор на организациона единица во којашто ќе ја отпочнат својата професионална кариера во МВР.

На свечената промоција на нови полициски службеници се прогласија најдобрите кандидати од класа на кои им се доделија плакети, после што се обрати најдобриот кандидат од класата, Стефан Јанушевски.

Официјалниот дел од церемонијата заврши со давање на свечена изјава.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена