Гостивар
Нови 163 случаи на грип во земјава минатата недела, во Гостивар 35

Во текот на 13. недела од 2024 година – од 25 до 31 март, во државава се пријавени 163 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот, што претставува 38,5 проценти помалку во споредба со претходната недела, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Кога станува збор за возрасната дистрибуција, 111 лица се на возраст од 15 до 64 години, 31 дете на возраст од пет до 14 години, 12 луѓе на возраст над 65 години и девет регистрирани деца на возраст до четири години.
Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години. Заболените се пријавени од 17 ЦЈЗ – ПЕ, во Гостивар – 35, Неготино – 25, во Скопје и во Битола – по 22, а во останатите, бројот на пријавени е еднаков или помал од дваесет. Во 15 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во Гостивар – сезонска, а во Неготино – средна активност на вирусот на грип, наведуваат од ИЈЗ.
Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип и заболувања слични на грипот изнесува 14.490, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 41,8 проценти, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 30,6 отсто.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден