Гостивар
Објавен е тендерот за чистење на снегот во зимската сезона во Гостивар
Локалната самоуправа на Гостивар започна со подготовките за зимско одржување на улиците и патиштата на територијата на општината, коишто се под нејзина надлежност. Деновиве е објавен тендерот преку кој ќе се одбере фирмата што ќе го чисти снегот и ќе обезбеди индустриска сол за посипување. Освен улиците и локалните патни правци, избраната компанија ќе треба да ги одржува и дворовите во училиштата во зимската сезона.
Од фирмата се бара да располага со специјални машини и возила како: багер гасеничар, катерпилар, камиони со плуг и слично, како и да има минимум седум вработени лица. Поради специфичноста на работата, механизацијата мора да биде опремена со светла и соодветна опрема за ноќно работење. Исто така, во текот на целата сезона, треба да обезбеди 2 дежурни тима со камиони, кои ќе бидат на располагање на општината 24 часа.
Тендерот трае до 25 октомври, кога ќе има јавно отворање на понудите.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград