Гостивар
Објавен тендер – Општина Гостивар се подготвува за прскање против комарци

Локалната самоуправа на Гостивар деновиве објави јавен оглас за избор на фирма што ќе изврши дезинсекција на територијата на општината.
Како што е наведено во тендерската документација, прскање против комарци треба да се изврши на четири локации: коритото на реката Вардар во атарот на село Равен со површина од 1,5 хектари, каналот за наводнување од Здуње до Малеарди и каналот во Фазанерија и двата со површина од 2,8 хектари, како и покрај река Јахорка во село Форино со површина од 1,5 хектари.
На овие локации се вршеа и претходните прскања, со оглед на тоа дека се детектирани како критични точки за размножување на ларви.
Во описот стои дека Вардар низ Равен има големи количини комунален отпад и од реката се шири непријатна миризба, каналот во Фазанерија е отворен и запуштен, во него се излеваат фекални води и смет, додека во делови од Јахорка има комунален и друг отпад.
Тендерот е определен како набавка од мала вредност, а како критериум за избор е наведена најниската понудена цена.
Лани дезинсекција на подрачјето на Гостивар се изврши во јули и август.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите