Поврзи се со нас

Македонија

Објавени конкурсите за ученички стипендии за таленти, социјално загрозени, деца со посебни потреби….

Објавено

на

Министерството за образование и наука денеска ги објави конкурсите за доделување  ученички стипендии за учебната 2023-2024 година во неколку категории.

Објавен е Конкурс за доделување 50 стипендии за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта,  Конкурс за 100 стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта, Конкурс за доделување 150 стипендии за талентирани ученици спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

Двесте стипендии се предвидени со Конкурсот за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта, како и 400 стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните  средните училишта.

Илјада и петстотини стипендии се наменети за ученици кои се запишани во паралелки во стручно образование (дуални паралелки) во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование. Конкурсот не се однесува на ученици од здравствените струки од јавните средни училишта.

Објавени се и: Конкурс за доделување 900 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта, Конкурс за доделување 150 стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта и Конкурс за доделување 50 стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во дрѓавава.

Конкурсите се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука и во секој од нив се содржани информации за износот на конкретната стипендија, начинот и рокот за аплицирање.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 13 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 15 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 18 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 20 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 дена

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена