Македонија
Објавени огласи за субвенции за печки на пелети, ПВЦ и алуминиум прозорци, сончеви колектори…

Објавено
пред 3 неделина

Министерството за економија објави четири јавни повици кои произлегуваат од Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година. Субвенциите опфаќаат вкупна сума од 52 милиони денари и се однесуваат на: надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата, надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата, надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата, како и надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата.
„За мерката субвенции за печки на пелети оваа година во буџетот на Министерството за економија се предвидени вкупно 14 милиони денари при што субвенцијата изнесува 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, односно до 70 %, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство со ниски приходи. За мерката субвенции за вградување на ПВЦ прозорци предвидени се вкупно 22 милиони денари. Финансиската поддршка изнесува до 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, односно до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за лица со ниски примања“, соопшти министерот за економија Кресник Бектеши.
За субвенции за вградување на сончеви колектори за затоплување во домовите оваа година се наменети 8 милиони денари, а финансиската поддршка изнесува до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство, односно до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за лица со ниски приходи.
„За субвенции за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење се наменети 8 милиони денари при што поддршката изнесува до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство“, кажа министерот.
Според Министерот, корисници на оваа програма во категоријата на лица со ниски примања се сметаат оние кои се вработени со месечни приходи до 30.000 денари, пензионери со нето месечни приходи до 20.000 денари, како и ранливите категории приматели на социјална помош, и додаде дека и на неколку новини во огласите оваа година.
„Принципот „прв дојден прв услужен’’ ќе се применува и оваа година при што средствата од Програмата наменети за секоја мерка пооделно ќе бидат распределени според степенот на развој на секој од планските региони, со цел да се поттикне рамномерниот регионален развој.
Детали се објавени на веб страницата на Министерството за економија.

Научници пронашле фосил од мува стар 47 милиони години

Гостивар со 8 нови позитивни на коронавирус и 21 оздравен во последното деноноќие

Во мај 4 неработни денови и продолжени викенди поради празници

Јадете ги почесто: Три зачини кои ги чистат белите дробови

Две казни за гостиварецот кој со четирицикл удри во сообраќаен знак

Позитивни 21% од тестираните на корона, 31 случај со смртни последици

Гостиварец пријавил физички напад од три лица

Спасени три животи до сега, лекарите се поклонија на девојката донор

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје

Нов Ултра леток на Ултра Маркети, заштедете до 48%

Детали од официјалното упатство за вакцината СПУТНИК – мерки на претпазливост, реакции…

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ: Нова месечна акција (16.04.21 – 15.05.21)

Денот што го чекавте! Отворени новите УЛТРА МАРКЕТИ во Гостивар, одлична понуда и квалитет, прифатливи цени

Во Албанија уапсен гостиварец баран од Интерпол

Три лавини во близина на Бигорски, повреден патник во возило

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Гостиварпред 2 месеци
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…
- Гостиварпред 3 месеци
(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол
- Занимливостипред 2 месеци
Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот
- Гостиварпред 4 недели
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
- Спортпред 4 недели
КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје
- Гостиварпред 3 месеци
Водата од градскиот водовод во Гостивар забранета за пиење поради заматеност
- Гостиарскипред 2 месеци
Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))