Поврзи се со нас

Македонија

Тромботичен ефект кај девојка од Македонија која примила „Астра Зенека“ во Србија

Објавено

на

Дваесет и осум годишна девојка, која примила вакцина против ковид од „Астра Зенека“ во соседна Србија, е хоспитализирана поради тромботична реакција.

„Има регистрирано еден случај на 28 годишна девојка, таа од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект, кој се поврзува со примање на една доза од вакцината „Астра Зенека.“. Реакцијата се јавила после 6-7 дена од вакцинирањето. Во однос на нашите граѓани кои изминатиот период примија прва доза вакцина во Србија, нема некои препораки дали треба нешто превентивно да се прави. Во однос на ревакцината, сите кои се вакцинирани ќе бидат ревакцинирани, согласно препораките што ги очекуваме следниот период“, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Во земјава денес почна вакцинација на населението со „Астра Зенека“, а последната одлука на здравствените власти е дека оваа вакцина нема да се дава на помлади од 60 години.

„Следејќи ги примерите на Канада и Германија и ние ќе бидеме претпазливи со оваа вакцина, и одлучивме да не ја даваме на лица под 60 години. Денеска ќе имаме состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови, да размениме информации. Иако се ретки овие тромботични реакции, мораме да бидеме многу претпазливи“, рече министерот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена