Поврзи се со нас

Гостивар

ОБСЕ помогнало за смирување на политичките страсти во Советот на Гостивар

Објавено

на

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која денес беше во прва официјална посета на општина Гостивар, каде се сретна со градоначалникот Арбен Таравари.

Како што беше речено на прес конференцијата по средбата, тие разговарале на повеќе теми: актуелните состојби во општината, политичките збиднувања во земјава, престојните претседателски избори и друго.

Таравари изрази благодарност што со посредство на ОБСЕ биле подобрени односите меѓу советничките групи од различните политички партии во гостиварскиот Совет и била донесена Стратегијата за Ромите. „Му се заблагодарив на амбасадорот за големиот придонес којшто претставниците на ОБСЕ го дадоа за соработката на разните партии на ниво на Советот на општина Гостивар, како и за усвојување на стратегијата за Ромите на општинско ниво“, рече градоначалникот.

Амбасадрот Која, нагласи дека е од голема важност претседателските избори да поминат во фер и демократска атмосфера.

„Ова е моја прва воведна посета на Гостивар, при која сакав да се запознаам со состојбите во општината, политичките динамики. Драго ми е што слушнав дека ОБСЕ е присутно овде и соработува со општината и се надевам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката. Што се однесува до претседателските избори, за ОБСЕ и за ЕУ, многу е важно тие да бидат слободни и фер, особено во насока на скорешниот тајминг за добивање на препорака за отпочнување на преговори. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР со седиште во Варшава, веќе е на терен во насока на спроведување на мониторингот на изборниот процес“, изјави шефот на ОБСЕ, кој при посетата на Гостивар изрази и длабоко жалење и сочувство за трагичната автобуска несреќа со 15 човечки жртви, која се случи пред еден месец.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 13 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 15 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 16 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 18 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 19 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 20 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена