Вести
Од 1 јануари граѓаните ќе плаќаат данок на личен доход
Собранието вчера го донесе Законот за данок на личен доход со кој од 1 јануари 2019 година се воведува прогресивно оданочување.
Според министерот за финансии, ова е праведно решение, а од опозицијата сметаа дека ова е катастрофа за македонската економија и не се согласуваат со одлуката на владејачкото мнозинство.
Со законот се предвидува даночна стапка од 10 проценти, а се воведува и стапка од 18 проценти, која ќе се однесува на даночна основа што надминува еден милион и осумдесет илјади денари на годишно ниво, односно 90 илјади денари на месечно ниво. За даночната основа до еден милион, 80 илјади на годишно ниво, како и до 90 илјади месечно, останува примената на постојната даночна стапка од 10 отсто.
Исто така, се предлага и даночењето на доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќи и друг доход да се врши со примена на единствена даночна стапка од 15 отсто.
На расправата во Собранието ѝ претходеше јавна расправа на која во однос на оваа тема остро реагира претставници на бизнис-заедницата.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди