Поврзи се со нас

Македонија

Од 15 март се очекуваат вакцини против пертусис и за возрасни, предлог за тестирање низ цела држава

Објавено

на

Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава, изјави попладнево Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, по нејзиното заседавање.

Тој информираше за 123 лица заболени со пертусис, од кои, доминантно најголемиот број, 119, се во градот Скопје.

Оправданоста на епидемијата што е прогласена во градот Скопје, уште еднаш се потврдува и со последниот извештај добиен од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на еден случај – Дебар, Тетово и Струмица, меѓутоа сѐ уште не можеме да кажеме дека состојбата се разговорува на национално ниво, што е добро, истакна Мехмедовиќ.

Тој повтори оти вакциналните пунктови во Скопје, каде што има епидемија, работат во две смени, вакцинацијата се одвива добро и продолжува со исто темпо.

Од 18 јануари до 29 февруари, по препорака на Комисијата за заразни болести, а по наредба на Министерството за здравство, работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени и аплицирани се вкупно 22.395 дози вакцини. Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и оти ќе продолжи со истото темпо и на граѓаните, односно на родителите, ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина, појасни Мехмедовиќ.

Меѓу новите препораки се да се засили инспекцискиот надзор на ДСЗИ за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис низ целата држава од центрите за јавно здравје, досега немаше таква можност, дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните пунктови да биде задолжителна за подобар преглед.

Комисијата донесе препораки за вакцинирање на возрасни. Информацијата што ја добивме од Комитетот за имунизација е дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини што ќе бидат наменети за возрасни, нагласи Мехмедовиќ, додавајќи оти треба да се почека овој датум за повеќе детали околу тоа кој и кога треба да се вакцинира.

Тој информираше дека процедурата што е поврзана со пристигањето на вакцините, регистрацијата на вакцините и останатото е дел од работата на Комитетот за имунизација.

Во однос на тоа кои лица треба да се вакцинираат, предност даваме на возрасните кои живеат со деца, кои се под посебен ризик да заболат од пертусис и кај кои ќе имаме тешка клиничка форма на болест, а тоа се децата под две години. Секако вработените кои се во директен ангажман и се во контакт со децата кои се на оваа возраст и бремените жени кои се во третиот семестар од нивната бременост би требало да се вакцинираат, со цел да се направи подготвеност на детето кога ќе биде родено, да има одреден имунитет против пертусис и во првите два месеца додека не биде примена првата вакцина аплицирана за пертусис, одговори Мехмедовиќ на новинарско прашање.

Комисијата за заразни болести го повтори апелот сите деца да се вакцинираат со заостанати вакцини.

Значи, не само ДТПР туку и морбили коишто гледаме во регионот се во подем и во Албанија веќе имаме зголемен број случаи се сериозна закана повторно за Македонија затоа што имаме низок процент на вакцинација со морбили. Од тој аспект, еве уште еднаш јавно апелираме родителите да направат апдејтирање односно да бидат во тек со целокупната вакцинација, со сите вакцини, што се од задолжителниот карактер за имунизација. Тоа е важната порака која што сакаме да ја испратиме. Од друга страна, доколку се следи тој редовен календар на имунизација, ќе видите дека практично ниту една вакцина нема потреба да се одложи. И затоа е најдобро родителите, кога веќе ќе бидат совесни да го следат календарот за имунизација затоа што во тој случај ниту МРП вакцината ќе се одложи поради ДТПР вакцината ниту обратно, ниту која било вакцината ќе биде поспонирана поради тоа што имаме редовна вакцинација, истакна портпаролот на Комисијата за заразни болести.

Секое задоцнување со вакцинацијата предизвикува последици што, укажа тој, после тоа се рефлектираат во одложувањето на останатите вакцини.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 52 минути

Протест на земјоделци во Гостивар: Ќе останеме без егзистенција поради блокиран канал за наводнување

Гостиварпред 2 часа

За три пати зголемен бројот на заболени од грип во земјава, во Гостивар 66 новозаразени

Македонијапред 2 часа

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Македонијапред 4 часа

Толку од „новогодишната кошничка“, какви ќе бидат цените од денес?

Здравје и убавинапред 5 часа

Што влијае на растот на косата и ноктите: генетика, исхрана и животни навики

Здравје и убавинапред 19 часа

Расолница – природен еликсир за вашето здравје

Светпред 21 час

Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година

Гостиварпред 23 часа

За две недели 677 деца прегледани на педијатрија во Гостивар, сепак снегот деновиве ги стиши вирусите

Гостиварпред 24 часа

Совети и едукативни летоци од полицијата за возачите во Маврови Анови

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена