Поврзи се со нас

Вести

Од Гостивар за Италија ќе патуваат 60 илјади јагниња

Објавено

на

Македонското јагне и овој Велигден ќе ги полни италијанските трпези. Откупот на јагниња од сточарите и нивна подготовка за пласман на странскиот пазар започна неодамна и деновиве го доживува шпицот. Кланицата „Горни Полог“ во Гостивар, една од неколкуте капацитети во земјава кои вршат откуп, планира сезонава за извоз да обезбеди 50 до 60 илјади јагниња, главно за Италија.

„Интересот на италијаните за откуп на нашето јагне главно е стандарден и задоволителен секоја година. Единствено што повеќе ги немаме откупувачите од Грција како порано, затоа што таму е зголемен сточниот фонд и тие сами имаат јагне и за свои потреби и за извоз“, вели Русе Стефановски, директор на кланицата Горни Полог – Гостивар

Откупната цена годинава е пониска од лани, што ги прави сточарите незадоволни. Се движи околу 120 денари за прва класа на јагниња до 20 килограми тежина. Од гостиварската кланица велат цената ја диктира пазарот и ги повикуваат сточарите навреме да го понудат јагнето, за да има доволно време да се подготви за извоз. Потенцираат дека немаат најави за поскапување на цената.

Според Стефановски, политичката криза во Македонија не создала проблеми и пречки во годинешната сезона на откуп на јагниња.

Во престојните денови, на Велигденската шпиц сезона се очекува уште поголемо интезивирање на извозот на македонското јагне кое според квалитетот ги задоволува европските и свестките стандарди.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена