Локални избори 2022
Од вечерва на полноќ до недела во 19 часот изборен молк

Кампањата за Локалните избори 2021 завршува ноќеска на полноќ, кога и настапува изборен молк. Меѓу двата круга граѓаните имаа можност уште еднаш да ги слушнат адутите на кандидатите, кои влегоа во најтесната трка за прв човек на Гостивар, а во недела на гласањето ќе одлучат кој ќе раководи со општината во наредните четири години.
Изборниот молк трае до завршување на гласањето во недела, во 19 часот. За време на молкот, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување, кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и може да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.
Од Државната изборна комисија деновиве изразија убедување дека во вториот круг нема да има поголеми пречки со користењето на биометриските апарати за идентификација на гражаните, како што беше случај во првиот круг на 17 октомври.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава