Поврзи се со нас

Гостивар

Одбележани 75 години од смртта на народниот херој од Гостивар Панче Попоски

Објавено

на

Општинскиот одбор на Сојузот на борци-Гостивар одбележа 75 години од смртта на народниот херој, Панче Попоски, гостиварец којшто загинал во Дебар. Чествувањето се одржа токму во Дебар, пред бистата на Попоски, поставена во дебарскиот градски парк, покрај бистите на народните херои Ибе Паликуќа и Лиман Каба.
„Со нив, овде, во овој паметник ќе живее и споменот на бројните нивни другари што паднаа во борбите за Дебар и на другите боишта. Чувањето на нивниот спомен не е само цивилизациски долг, тоа пред се е потреба на сегашниве и идни генерации објективно да размислуваат за тоа време, да ги сочуваат неговите неспорни вредности, врз нив да создаваат нови, уште посилни и пообединувачки, да учат од грешките и на тоа време и времето по него, зошто попусти се историските поуки, ако се повторуваат истите грешки.“, истакна претседателот на одборот, Радислав Ѓиноски.
Панче Попоски е роден 1924 година во Гостивар. 1941 година станува член на СКОЈ, а во 1942 година член на КПЈ, секретар на партиска ќелија и инструктор. Во партизани заминал 1943 година. Станал младински, а подоцна партиски раководител на батаљонот. Загинал во 1944 година во борбата со германците на влезот на Дебар.

За народен херој е прогласен на 11-ти октомври 1953 година.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 9 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 19 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 20 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 дена

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена