Гостивар
Празникот Петковден прославен во црквата Св.Петка во Гостивар
Христијанскиот празник посветен на Параскева (Петка) Епиватска, масовно беше прославен во црквата „Св. Петка “ во Гостивар.
Со светата Златоустова литургија, чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво.
„ Светата мајка Петка ни е добар пример за мудра девојка. Таа била една од оние, која во целост ги разбрала денешните евангелски зборови и ги исполнила во текот на својот живот. Нејзиниот животен пат е патот светителски и патот кој треба да се стреме да го помине секој еден од нас. Затоа света Петка да ја имаме за наша вечна сопатничка кон патот на нашето умудрување и спасение. Низ целиот свој живот да се трудиме да бидеме како мудрите девојки, а не како немудрите. Постојано да водиме рачун за да ги сочуваме чисти и неизвалкани нашите души и срца, да „бидеме будни, оти не го знаеме ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот човечки“.(сп. Матеј 25,13). Од нашиот живот на земјата зависи каков ќе биде нашиот вечен живот. Затоа да се трудиме да го положиме животниот тест преку литургискиот и светотаинскиот живот во Црквата, поучувани од свештениците и следејќи го примерот на светиите – да поживееме богоугоден живот за да и нашите светилници, односно души засветлат пред лицето Божјо.“, рече во својата беседа г.Јосиф.
На литургијата верниците зедоа света причест, а потоа Владиката изврши мал водосвет и ги благослови кумските лебови.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница