Поврзи се со нас

Деца Родители

Научете ги на време: Лекции кои секое дете треба да ги знае за парите

Објавено

на

Децата дури и пред три години, почнуваат да поставуваат прашања за работите што се случуваат околу нив. Една од нив се и парите кои децата почнуваат да ги поврзуваат со останатите работи што се наоѓаат во продавниците, банкоматите и слични места. Децата до 5 години немаат баш јасна слика од каде доаѓаат парите, но виделе дека мама и тато ги вадат од својот паричник или од банкомат кога им се потребни.

Затоа е важно да ги научите вашите деца дека парите се вредни, но не и највредни и дека треба да се третираат со внимание. Овие лекции можете да ги практикувате од 5 години, бидејќи тоа се годините кога децата почнуваат да разбираат дека парите не паѓаат од небото.

Парите не растат на дрвјата
Објаснете им на децата дека парите не се неограничен ресурс, и за да заработите пари секое утро одите на работа. Кога вашето дете ќе ве праша зошто повторно одите на работа, објаснете му дека морате и само така  може да добие нова играчка, доколку не одите ќе ја нема. Детето ќе започне да ги поврзува работите и сфати дека потребно е нешто да се прави за да заработи пари.

Дајте им одредена сума да располагаат и оставете да ги потрошат како што сакаат
Ако на детето му дадете одредена сума пари и дозволите да ги потроши како што сака, тоа веднаш ќе оди да ја купи најновата играчка и остане без резерва, тоа е одлична лекција, затоа што ќе сфати дека нареден пат не ќе може да купи и нов албум со сликички. Кога детето ќе ги препознае последиците од нерационалното трошење пари, тој или таа ќе започне да размислува за тоа колку има, а колку му останува и научи да ги распределува парите.

За вредни работи, вреди да се чека
Научете ги децата дека треба да го чекаат она што сакаат да го добијат, тоа ќе ги научи да го ценат времето, напорот и парите кои ќе ги добијат за одреден број на денови. Добра вежба е да се направи пица со омилените состојки што ги сака детето, кога тоа ќе сфати дека треба да почека тестото да се развие и состојките да се подготват и наредат, па и дека сето тоа треба да се испече, тој / таа ќе бидат многу посреќни кога ќе ја вкусат храната. Потоа следниот пат, дајте му на вашето дете инстант пица и прашајте го која е поубава. Веруваме дека ќе научат многу од тој пример.

Штедењето е супер
Кога вашата ќерка сака нова кукла и нема доволно пари, оставете ја да собере пари за неа.
Може да и дадете неколку мали задачи што треба да ги направи и да ја платите за тоа, но важно е да го одвлекувате ова најмалку еден месец. Кога ќе знаете дека има доволно пари, однесете ја во продавница и оставете ја да плати за нејзината кукла на каса. Веруваме дека никогаш нема да го заборават тој момент.

Направете список со желби
Списокот со желби главно ќе се однесува на играчки што вашето дете сака да ги добие. Нека направи ранг-листа на играчките кои најмногу ги сака до играчките кои се помалку важни, ова ќе ги натера децата подлабоко да размислуваат што е навистина важно за нив, а што не.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена