Гостивар
Одземени 6 возачки дозволи во синоќешната акција во Гостивар
Секторот за внатрешни работи Тетово ноќеска спроведе уште една од серијата акциски контроли на возачите – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 10 возачи-прекршители (Тетово-4 и Гостивар-6), од кои кај 1 возач во Тетово биле утврдени до 2 промили алкохол во крвта, а кај преостанатите до 1 или 1 и пол промили.
„Сите се веднаш исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противвредност, а времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Исти така вчера, во периодот од 8 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведени се повеќе контролни активности за брзина со која се движат возилата, во рамките на кои биле санкционирани 22 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (Тетово-15 и Гостивар-7).
Притоа еден возач пречекорил за повеќе од 70 километри на час, 5 за 50 до 70 километри на час и така натаму. Санкционирано, исто така, било и 1 пречекорување на пропишаната брзина во населено место, како и 25 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да не консумираат алкохол доколку планираат да ги користат или веќе ги користат нивните возила, без разлика на поводот и се друго, да ја прилагодат брзината според условите на патот и непотребно да не брзаат.
Ова, дотолку повеќе што следуваат дождливи и снежни денови кога коловозите се лизгави и кога е потребно внимателно движење со возилата, посебно оние кои ќе патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија