Гостивар
Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг
Тамара Грујеска од Гостивар како претставник на Македонија настапува на годинешниот Јуниор Евросонг, што ќе се одржи во недела (26 ноември) во Ница, Франција. Гласањето за ова престижно музичко натпреварување за деца и млади изведувачи започна денес, на веб страната www.jesc.tv, а за македонската претставничка може да се гласа под број 6.
„Треба да изберете 3 омилени песни, но исто така можете да гласате и за сопствената држава. Важно е што гласањето е бесплатно и од еден уред може да гласате само еднаш.“, стои во информацијата на Евровизија Македонија.
Гласањето ќе се одвива до 26 ноември во 15:59 часот, а потоа како последна рунда гласање ќе биде отворено во времетраење од само 15 минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истата веб страна.
Пред поаѓањето за Ница, Тамара во интервју за Gostivarpress.mk изјави дека е пресреќна и превозбудена и со големо нетрпение го чека настапот големата сцена пред цела Европа, и дека ќе го даде својот својот максимум за да ја претстави Македонија во најдобро светло.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски