Гостивар
Оглас за 22 вработувања во Општина Гостивар

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 22 државни службеници во Општина Гостивар на различни работни позиции. Во службата за поддршка на градоначалникот се бараат службеници за односи со јавност, за меѓуопштинска соработка, соработник за месни заедници, потоа службеници во Секторот за правни општи и организациски работи, советници во Секторот за финансиски прашања итн.
Платите се движат од 15. 229 денари до 26.677 денари.
Огласот е објавен на 30 април и ќе трае до 14 мај. Селекцијата ќе се врши во три фази:
Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.
Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.
Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос