Поврзи се со нас

Гостивар

Огнен Анастасијески го извади крстот на Богојавление во Гостивар од водите на Вардар

Објавено

на

Светиот крст на Водици-Богојавление годинава во Гостивар е во рацете на Огнен Анастисијески (17). Тој беше најсреќен меѓу момчињата кои учествуваа во вадењето на крстот положен во водите на Вардар, во рамки на одбележувањето на големиот христијански празник.

Како што е редот, кон среќникот беа упатени искрени честитки и желби, пред се‘ за здравје, бериќет и благосостојба од верниците кои дојдоа заедно да го чествуваат денот и беа дел од манифестацијата.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Прославата на празникот во Гостивар започна утрово со света литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар, пеејќи ја песната „Во Јордање“. Таму беше извршен чинот на осветување на водите и положување на светиот крст во реката.

Gostivarpress.mk во текот на денот ќе објави репортажи од прославата.

Бог се јави-Навистина се јави!

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена