Гостивар
Викенд временска прогноза

Времето денес (петок) ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места, врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува.
Под влијание на влажен и студен бран, за сабота синоптичарите најавуваат врнежи претежно од снег, кои наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка над 30 сантиметри, а во пониските места од три до десет сантиметри. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат. Локални врнежи од снег ќе има и во недела претпладне, а од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог