Гостивар
ОЈО Гостивар бара притвор за лице осомничено за убиство при групна тепачка

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 55 години од селото Здуње, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
„На 30 јули, по вербална расправија меѓу две семејства на терасата на една пекарница во Гостивар, настанала физичка пресметка, во која осомничениот извадил нож и лишил од живот едно лице, нанесувајќи му убод во левиот бут. Убодната рана резултирала со обилно крварење кај оштетениот и тој починал.“, соопшти обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори делото.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?