Гостивар
ОЈО Гостивар: Лажниот оџа од Кочани осомничен за полов напад врз дете и за измами
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за кривично дело – Измама согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
„Првиот осомничен, 37-годишен жител на Кочани, во два наврати на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар, извршил полово дејствие врз дете родено 2012 година. Мајката на детето го повикала осомничениот кој се претставил како оџа, да пее и да го „лекува“ детето од црни магии. Осомничениот побарал да остане сам со детето-жртва во собата и притоа ја принудил на други полови дејствија. Оштетената од страв во прв момент не кажала ништо на мајката. Кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција.“, информира обвинителството.
Истиот осомничен, заедно со уште двајца соизвршители од Гостивар, измамиле друга оштетена. Првопријавеното лице, во договор со другите двајца, на оштетената исто така и се претставило како оџа кој ќе и помогне да ги тргне магиите од нејзината куќа. Во повеќе наврати тројцата ја убедувале дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и со тоа ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата и наплатиле вкупно 98.000 денари. Кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и ги пријавила.
За првопријавениот Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, додека за останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.
-
Гостиварпред 3 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?
-
Гостиварпред 2 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Гостиварпред 1 месец
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
Вести
PTHP Gostivar: Hoxha i rrejshëm nga Koçani i dyshuar për sulm seksual mbi një fëmijë dhe mashtrim
Prokuroria Themelore Publike në Gostivar ka lëshuar Urdhër për zhvillimin e procedurës hetimore kundër një personi për veprën penale të vazhduar – Sulm seksual ndaj fëmijës nën moshën 14 vjeçare nga neni 188 paragrafi 1 lidhur me nenin 45 të Kodit Penal. Ndaj të njëjtit person, si dhe ndaj dy bashkëpunëtorëve të tjerë të dyshuar, është iniciuar procedurë penale – Mashtrim nga neni 247 paragrafi 1 lidhur me nenin 22 të Kodit Penal.
“I dyshuari i parë, 37 vjeçar, banues në Koçan, në dy raste më 23 dhe 24 nëntor në një banesë në Gostivar, ka kryer akt seksual ndaj një fëmije të lindur në vitin 2012. Nëna e fëmijës ka thirrur të dyshuarin, i cili është prezantuar si hoxhë, për të kënduar dhe për ta “shëruar” fëmijën nga magjia e zezë. I dyshuari ka kërkuar të lihet vetëm me fëmijën viktimë në dhomë dhe e ka detyruar atë në akte të tjera seksuale. Viktima prej frikës nuk i ka thënë asgjë nënës në fillim. Kur nëna ka dashur të telefonojë për të tretën herë të dyshuarin më 5 dhjetor, vajza ka treguar me ankth se çfarë po ndodh me të, më pas ngjarja është denoncuar në polici”, bën me dije prokuroria.
I njëjti i dyshuar, së bashku me dy bashkëpunëtorë të tjerë nga Gostivari, kanë mashtruar edhe një viktimë tjetër. I dyshuari i parë, në marrëveshje me dy të tjerët, i është prezantuar viktimës gjithashtu si hoxhë që do ta ndihmonte atë të largonte magjitë nga shtëpia e saj. Në disa raste, të tre e bindën atë se për të hequr magjitë, duhej të nxirrnin objekte të ndryshme nga varrezat dhe kështu të nxirrnin magjitë prej saj dhe shtëpisë së saj. Për shërbimin i kanë këekuar gjithsej 98.000 denarë. Kur kanë filluar të organizojnë një takim të ri, viktima ka dyshuar se është mashtruar dhe i ka denoncuar.
Për të raportuarin e parë, Prokuroria Themelore Publike Gostivar, gjyqtarit të procedurës paraprake i ka dorëzuar propozim për caktimin e paraburgimit, ndërsa për dy të dyshuarit e tjerë janë propozuar masa të kujdesit.
-
Гостиварпред 3 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?
-
Гостиварпред 2 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Гостиварпред 3 месеци
Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба
-
Гостиварпред 1 месец
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот